Wednesday, December 17, 2014

Електронска обвивка

                    Електронска обвивка

 

 


Електронската обвивка може да се замисли како орбита по која се движат електрони, распространета околу јадрото на атомот. Таа се состои од електронски слоеви. Најблискиот слој до јадрото е познат како „прв слој“ (наречен и „К-слој“), по кој следува „втор слој“ (или „L-слој“), потоа „трет слој“ (или „М-слој“) итн. Буквите од слоевите К, L, M се наредени по алфабетски редослед.
Секој слој може да содржи само одреден број на електрони: првиот слој може да содржи до два електрони, вториот слој може да има до осум електрони, третиот до 18 итн. Бидејќи електроните се електрично привлечени за јадрото, електроните на даден атом ќе ги пополнуваат понадворешните (подалечни) слоеви само доколку повнатрешните слоеви се веќе целосно пополнети со други електрони. Меѓутоа, ова не е строг услов: атомите можат да поседуваат два или три надворешни слоеви кои се само делумно пополнети со електрони (види го Правилото на Клечковски). За објаснување на тоа зошто овие електрони постојат во овие слоеви, види електронска конфигурација.
Електроните во делумно пополнетиот надворешен слој (или слоеви) ги одредуваат хемиските својства на атомот; овој слоеј е познат како валентна обвивка.
Секој слој се состои од еден или повеќе подслоеви, а секој подслој е изграден од една или повеќе атомски орбитали.





                                                          Градба на атомот на кислород


Слоеви

  Одејќи од највнатрешниот кон најнадворешниот, електронските слоеви се означени со K, L, M, N, O, P и Q; или 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7. Електроните во надворешните слоеви имаат повисока просечна енергија и се движат подалеку од јадрото отколку оние од повнатрешните слоеви. Ова ги прави поважни при одредувањето на тоа како атомот ќе реагира хемиски и ќе се однесува како спроводник, бидејќи атомското јадро нема толку јако влијание на нив, па така тие лесно се откинуваат. Според ова, реактивноста на даден елемент многу зависи од неговата електронска конфигурација.



Подслоеви

 

 Секој слој е составен од еден или повеќе подслоеви кои се состојат од атомски орбитали. На пример, првиот (К) слој има еден подслој наречен „1s“; вториот (L) слој има два подслоеви означени „2s“ и „2p“; третиот слој има „3s“, „3p“ и „3d“; итн.



Број на електрони во секој слој

 


Електронските слоеви на атомот се пополнуваат според следните теоретски формулации:
  • Секој s подслој содржи најмногу 2 електрони
  • Секој p подслој содржи најмногу 6 електрони
  • Секој d подслој содржи најмногу 10 електрони
  • Секој f подслој содржи најмногу 14 електрони
  • Секој g подслој содржи најмногу 18 електрони
Затоа К-слојот, кој содржи само s-подслој, може да има до 2 електрони; L-слојот, кој има s и p, може да содржи до 2+6=8 електрони; итн. Општата формула е дека n-тиот слој може во принцип да има до 2n2 електрони.
                                       

No comments:

Post a Comment